УЈП: Одобрени се барањата за финансиска поддршка на 4962 фирми
Денес Управата за јавни приходи го достави и второто Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија за одобрени и прифатени барања за финансиска поддршка. Во ова известување опфатени се 4962 фирми кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година, а износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 377,921,509 денари.
Согласно второто Известување, вкупниот износ на одобрени финасиски средства за исплата на плати за месец април 2020 изнесува 885,868,773 денари за вкупно 10 103 фирми.
Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија по нивната финална обработка.
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ