Македонија
11. July 2017 - 19:42

УЈП најавува засилени контроли во пресрет на супер купот, како и поедноставни процедури за поднесување ГДП

УЈП ќе врши врши засилен мониторинг на готовинскиот промет пред претстојните Супер куп, Пивофест Струмица опен фестеивал и други манифестации заради големи отстапувања евидентирани преку ГПРС системот за следење на прометот.

Одбгенувањето на плаќањето данок најизразено периодов било кај хотелите, рестораните, баровите, превозот и останати дејности во услужниот сектор, па така од 195 контроли викендов, нерпавилности се утврди во 32 објекти. Некои издавале компјтуерски, но нефискални сметки, други имале паралелен систем неповрзан со УЈП, а трети користеле стари, одјавени фискални апарати.

Управата ќе ја едуцира јавноста како да ги разликува сметките и предупреди дека ќе поведе постапки против неплаќачите на данок.

Од таму најавија и поедноставувања на плаќањето на персоналниот данок преку нов електронски систем, предпополнета годишна даночна пријава и други можности.

Даночните приходи во првото полугодие биле за 3,16% помали од проекциите, што УЈП го објасни со лошата економска ситуација и вакуумот при формирањето на новата влада.