УЈП ги повика должниците да побараат отпис на каматите за неплатени придонеси
Управата за јавни приходи ги повика должниците за социјални придонеси чиј долг настанал од 2009 заклучно со декември 2014 да достават барање за отпис на каматите.
Отпис може да побараат работодавци, самовработени лица, индивидуални земјоделци, како и верски службени лица и државни институции.
При тоа може да им бидат отпишани 70 проценти од каматите доколку заостанатите обврски ги платат во рок од 12 месеци или 50% доколку обврските ги платат во текот на 24 месеци.
Бизнис заедницата ја поздрави мерката потенцијарќи дека најчесто насобраните каматите се значителен дел од вкупниот долг, па ова е шанса да се намалат трошоците.
- Добро е кога има шанса да се намалуваат трошоците за компаниите. Знаеме дека ликвидноста на компаниите во последно време на некој начин е ставена под знак прашалник и сега станува збор за намалување на товар и особено тоа што на долг рок тој е отпишан. Така што навистина компаниите сега имаат можност да земат здив и да размислуваат на бизнис. Тоа може да придонесе да се стабилизираат фирмите кои не биле во можност навреме да си ги подмируваат обврските. Се работи за подадена рака и се надевам дека компаните ќе го сфатат тоа и ќе склучат договори за отплата на долгот за придонеси без камати, изјавиМиле Бошков, претседател на конфедерацијата на работодовачи.
Покрај оваа мерка, на стопанството му се даде можност да ги плати заостанатите придонеси без каматите, за долгови настанати до 2008-та. Во овој случај отписот на каматите е 100%, а основниот долг може да се плати на 36 рати.
Податоците велат дека долгот за придоенси без камата ќе можат да го подмират околу 16.500 фирми, како и над 5.000 индивидуални земјоделци.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар