УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка
Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.
Од УЈП во денешното соопштение посочуваат дека даночните обврзници треба да поднесат и Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07"), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ“), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП.
- Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува: Копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или Друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема, велат од УЈП
Оттаму посочуваат дека неискористеното право на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка во ДЛД-ДБ за 2024 односно ДБ за 2024, може да се пренесе во следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.
За дополнителни информации или поддршка во врска со барањата ДЛД-02 и ДД-07 може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:е-пошта: info@ujp.gov.mk или на телефонски броеви: 0800 33 000 и 02 3253 200.
Ново на Сител
-
Трагедијата од Кочани ја зема својата 63-та жртва: Почина првоосомничениот полициски инспектор Владо Петров
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина
-
ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија
-
Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија
-
Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори
-
ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
-
Поевтинуваат горивата