УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

Управата за јавни приходи соопшти дека интензивно работи на реализација на проектот е-Фактура и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно се тестираат сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура.
УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.
- Вклучувањето во оваа фаза е од особено значење за навремена адаптација пред задолжителната имплементација на системот. Во овој период на тестирање на системот до УЈП пристигнуваат информации дека одредени субјекти нудат обуки и консултантски услуги поврзани со проектот е-Фактура. Укажуваме дека исклучиво УЈП дава официјални информации, насоки, известувања и организира обуки поврзани со проектот е-Фактура и нагласуваме дека тие субјекти не се дел од проектот. УЈП не презема одговорност за информациите и толкувањата изнесени од истите. Сите информации поврзани со проектот е-Фактура се објавуваат на официјалната веб-страница на УЈП http://www.ujp.gov.mk/, на специјализираната веб-страница на проектот https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/home и на страниците на УЈП на социјалните мрежи, соопшти УЈП.
За поддршка на компаниите во процесот на имплементирање на системот е-Фактура, исто така, назначени се и даночни агенти вработени во Управата и тие веќе контактираат со компаниите и даваат поддршка и совети за вклучување и понатамошно користење на системот е-Фактура.
- Апелираме сите заинтересирани страни за системот е-Фактура своите прашања и сугестии да ги упатуваат кон Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk. Најавуваме дека набргу ќе биде овозможено тестирање и на рачниот внес на фактури преку веб и клиентска апликација, кои се очекува да ги користат трговците кои издаваат и/или примаат мал број фактури, кои не користат системи за фактурирање или кои користат системи, но немаат можност за надградба, се наведува во соопштението на Управата за јавни приходи.
МИА
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
