УЈИЕ ќе го прошири зеленилото во кампусот во Тетово
На средбата помеѓу ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Абдулменаф Беџети и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа разгледна е можноста во кругот на кампусот да се прошири шумскиот и појасот на зеленилото. Кампусот на УЈИЕ како целина зафаќа површина од 200.000 квадратни метри, од кои 95 000 квадратни метри се зелено и одржувано земјиште.
– Ректорот Беџети, зборуваше за мерките кои ги превзема Универзитетот во насока на зачувување на животната средина, постигнување на целта за нула емитување на јаглерод диоксид и други активности, кои не се само во корист на студентите туку и за заедницата. Ние ја развиваме идејата за зеленило во кампусот со оптимални чекори, истовремено одржувајќи ја и позицијата лидер во сите овие аспекти од животната средина, каде придобивката е сеопфатна, првично за здравјето на заедницата со нашиот придонес, информираат од УЈИЕ.
Министерот Хоџа ја нагласил важноста на соработката на министерството кој тој ја води и образовните институции, посебно со Универзитетот на Југоисточна Европа.
На министерот Хоџа му е доставено барањето и елаборатот на идејниот проект со кој се предвидува уредување на велисипедска и пешачка патека долж целиот кампус.
Ново на Сител
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање