УХРМ предупредува, можни нови поплави во скопско, одрони и свлечишта на Скопска Црна Гора

Управата за хидрометеролошки работи попладнево предупреди дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.
- Особено треба да се внимава на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци, се вели во соопштението од УХРМ.
Оттаму укажуваат дека во услови на нестабилност и локални интензивни врнежи можно е на удар да бидат суводолиците и водотеците со мали сливни површини кај кои брзо се формира речното истекување.
- Доколку процесите бидат поинтензивни и на мала површина за кратко време наврне поголема количина на дожд можно е брзо зголемување на водостојот, а при екстремни врнежи можно е и локално излевање на суводолиците и помалите реки. Ова особено се однесува на водотеците од Скопската Котлина и од масивот на Скопска Црна Гора каде според синоптичарите за кратко време се очекуваат големи количества на врнежи, посочува УХРМ.
Според најавите, во вечерните и ноќните часови се очекува променливо облачно време, а наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
