УХМР со вонредна временска прогноза за денес
Променливото и облачно време од пладневните часови ќе биде проследено со се почеста појава на нестабилност со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и со појава на грмежи особено на југ и исток.
Ќе дува умерен југозападен ветер кој од попладне ќе се менува во северозападен ветер и кој преку ноќта повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервалот од 17 до 24 степени.
Во Скопје температурата ќе достигне до 22 степени Целзиусови.
Како што информираат од УХМР, од попладне ќе започне позначителна промена на времето, а ќе трае и преку ноќта, поради премин на влажен бран од север проследен со повремено поројни врнежи од дожд особено во северезападните и источните делови од земјава.
На повисоките планини особено на северозапад ќе има и појава на повремен снег. Ќе има и ретка појава на грмежи, денес повеќе кон југоисток, а утре на југозапад. Повремено засилен северен ветер ќе дува и преку ноќта, а и во текот на утрешниот ден што ќе предизвика утре значително опаѓање на температурата.
Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа од ноќта кон четврток, нов и значително постуден бран, ќе донесе нови врнежи,засилен ветер и повремен снег на планинитеособено на север и северозапад.
Ново на Сител
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата