УХМР со вонредна временска најава
Сончево и топло со мала до умерена облачност, во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Попладне развој на нестабилна облачност ќе има наповеќе места, вклучувајќи ја и Скопската котлина каде ќе има пороен дожд и грмежи.
И утре во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови. Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.
Од понеделник ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и свежо со пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови.
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси