УХМР со нова прогноза: Еве какво време не очекува
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до петок времето ќе биде претежно сончево и топло, викендот особено во недела можни врнежи од дожд, а на повисоките места снег. Наредниот викенд, постудено со температури од само неколку степени над нулата и врнежи од дожд и снег.
До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. На повеќе места максималната температура ќе надмине 10 степени, а на југ ќе достигнува и до 14 степени.
Од петок, 17 февруари, како што соопшти УХМР, ќе се зголеми облачноста, а за време на викендот и во понеделник ќе има услови по одредени котлини за појава на утринска магла и ќе има повремени врнежи од дожд, почести во недела. На планините врнежите ќе се од снег.
Во понеделник врнежите ќе завршуваат до крајот на денот кога понекаде и на повисоките места на запад може да се појави слаб снег. Утринските температури ќе бидат во пораст до понеделник кога насекаде се очекува позитивна утринска температура. Дневните пак на југ ќе се задржат повисоки, но кон север ќе се до 10 степени.
Од средината на идната недела краткотрајно ќе се задржи посончево време проследено со претежно северен ветер и дневните температури од повеќе од 10 степени ќе се почести повторно, особено на југот од земјата. Овој северен ветер ќе ги намали условите за појава на магла во овие денови.
Од крајот на неделата и за време на викендот од 25 и 26 февруари се период на врнежливо време, а врнежите најпрвин ќе започнат како врнежи од дожд, а потоа насекаде ќе бидат врнежи од снег. Температурите во овој период преку денот се очекува да бидат до само неколку степени над нулата.
И покрај овој облачен систем кој ќе донесе врнежи насекаде во овој период не се очекуваат особено ниски утрински температури.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?