УХМР најавува страшно невреме

Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност пред се во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла.
Веќе утре ќе почне да дува претежно јужен ветер кој ќе се задржи се до четврток.
Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд.
Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и тоа најпрвин во планинските делови на западот а кон крајот на денот и на истокот каде што овие врнежи ќе се поинтензивни. Во тој период утринските температури ќе се насекаде над нулата, а поради зголемента облачност дневните температури малку ќе се намалат.
Потоа следи променливо време со изгледи за ново преодно наоблачување со краткотраен дожд.
Ново на Сител
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
