УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а в среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
