-->
-->
УХМР најавува нов температурен шок
-->

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Во северозападните делови уште претпладне променливо облачно со локален дожд.
Во останатите подрачја сончево со умерена облачност, но веќе околу пладне и рано попладне на повеќе места имаше врнежи од дожд, а на истокот од земјата беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладнево врнежите престанаа и повторно е сончево со умерена облачност. Дуваше претежно умерен југозападен и западен ветер, кој во Пелагонија и во Штипско, како и на планините на западот од земјава беше и засилен.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 26 Гевгелија, 25 Д. Капија, 24 Струмица, Виница, Битола, 23 Штип, Прилеп, 22 Скопје, Тополчани, 20 Берово, 19 Тетово, Кр. Паланка, Охрид, Претор, 18 Пожаране, Ѓуриште, 14 Маврово, 12 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 8 Лазарополе, 7 Берово, 5 Струмица, 4 Маврово, Виница, Кр. Паланка, 2 Пожаране, 1 Ѓуриште, >0 Штип, Скопје.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Умерено облачно со слаб до умерен западен ветер, кој во југозападните делови се уште ќе засилува.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во останатите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Т-мин. од 6 до 12, а т-макс. од 14 до 24 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен северозападен ветер. Тeмпература: од 10 до 19 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И во вторник ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а во останатите делови ќе биде посончево. Од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата и со умерен јужен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
