УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. Споредено со просечните августовски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура беше 1,8 степени надпросечна на ниво на држава.
-Највисоката максимална температура беше измерена на 16 август во Демир Капија и изнесуваше 42,2 степени. Забележено е од 11 до 18 август појава на топлотен бран. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 1 август и изнесуваше 8,5 степени. соопшти УХМР.
Оттаму посочуваат дека во месец август 2024 година, месечната сума на врнежи во државата се движеше од 10 милиметри во Битола до 53 милиметри во Крива Паланка. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 35 милиметри беше регистрирано во Крива Паланка на 20 август.
Споредено со августовската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), , додаваат од УХМР, измерената месечна сума на врнежи беше помала за 30 отсто од просечната на ниво на држава.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија