Македонија
15. January 2025 - 12:23

Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите

Министерот Муцунски очекува 2025-та да биде година во која Македонија конечно ќе ги стартува преговорите со Унијата. Точно 20 години од почетокот на европскиот пат, Муцунски за оваа поддршка утрово побара од амбасадорите на земјите членки кои ги пречека во МНР. Вели дека Македонија останува посветена на исполнување на своите обврски, но од Унијата очекува да ги отстрани пречките кои немаат никаква врска со европските вредности.   

Годината со оптимизам ја стартува и евроамбасадорот Рокас. Но истовремено вели дека очекува и конкретни активности во борбата со корупцијата, владеење на правото и исполнување на обврските од реформската агенда, чекори за кои Македонија ќе добие поддршка од унијата.

Поддршка за сето ова евроабасадрокот Рокас вели дека ќе бара и на сите средби кои до крајот на месецов ќе ги има во Брисел, а во првата половина од годинава најави дека се планирани посети на Македонија од страна на високи европски челници.