Угостителите и туристичките работници на протест
Незадоволни од тоа како тече финансиската поддршка од туристичко угостителскиот сектор од денеска на протест пред Министерството за финансии. На улица ќе останат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Бараат неповратна помош во вид на грантови кои би се движеле од 5000 до 15 илјади евра а за објектите за свадби кои не работат повеќе од една година грантови од 50 илјади евра.
Помошта да биде континуирана затоа што состојбата што ќе се случува се уште е неизвесна. Туристичките работници пак бараат рокот на ваучерите кои не се искористија лани да биде продолжен до крајот на 2022 година и да се реализираат исклучиво преку агенциите. Финансиска помош побараа и туристичките водичи и претставниците на игротеки.

Од туристичко угостителскиот сектор велат дека овие мерки ќе им помогнат да опстанат.
На првиот ден од протестот пред Министерството за финансии ќе останат до самиот старт на полицискиот час.
Туристичко угостителскиот сектор е најпогоден од пандемијата чии загуби достигнуваат и повеќе од 80 проценти.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
