-->
-->
Уганда: 11 години затвор за убиец на редок вид горила
-->
Човек од Уганда убил мажјак од редок вид планински горила, па за тој чин е осуден на 11 години затвор. Според Би-Би-Си, Феликс Бјамукама се изјаснил виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убивање на горилата по име Рафики.
Бјамукама влегол во националниот парк со уште три лица заради лов на други, помали животни. Сепак, тој тврди дека го убил горилата во самоодбрана.
По изрекувањето на казната, од телото одговорно за заштита на дивиот свет на Уганда, сметаат дека „правдата за Рафики е задоволена“, како што се истакнува во соопштението.
Горилата, кој бил своевидна туристичка атракција, исчезнал на 1 јуни, а телото му било пронајдено следниот ден. Животното е убиено со остар предмет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години