Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2021 - 17:23

УЕФА го казни Арнаутовиќ само со еден натпревар

Во вториот натпревар од нашата група ќе играат Холандија и Австрија. 
 
Австријците на овој меч нема да може да сметаат на Марко Арнаутовиќ кој беше стрелец на третиот гол против Македонија, а по кој имаше недолични коментари кон нашиот репрезентативец Алиоски. 
 
За таквото однесување, Арнаутовиќ заработи казна од УЕФА се чини пре блага, од еден натпревар, па тој нема да има право на настап само на утрешниот меч против Холанѓаните.