-->
-->
УЕФА: Гарантираме безбедност на Европското првенство во Франција
-->
По терористичкиот напад во Брисел, преку соопштение се огласи Европската фудбалска унија (УЕФА), во кое се наведува дека претстојното Европско првенство во Франција летово ќе биде организирано на највисоко ниво на безбедност.
„ По денешните случувања во Брисел, УЕФА сака да ја потврди својата посветеност за безбедност и сигурност во организацијата на шампионатот. Сите актери и учесници во организацијата на првенството ќе продолжат да го следат нивото на ризик, а нашите безбедносни служби гарантираат сигурност и безбедност на шампионатот’’, пишува во соопштението на УЕФА.
Нападот во Брисел посетува на случувањата во Париз минатиот ноември, кога во текот на пријателскиот меч меѓу Франција и Германија на стадионот „Сент Дени’’ се слушнаа првите експлозии.
Франција претходно најави дека Европското фудбалско првенство ќе го обезбедуваат рекорден број на полицајци и агенти, и дека не е исклучена и можноста за ангажирање на војската.
Европскиот шампионат ќе се игра од 10 јуни и ќе трае еден месец се до финалето закажано за 10 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот