Удриле во сообраќајни знаци и камион, 34-годишник и малолетник загинаа во тешка сообраќајка
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.
Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Приведени двајца криумчари на мигранти
-
„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО
-
Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони | ФОТО
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп
-
Барселона против Звезда постави рекорд стар 74 години
-
Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните