Учесник во "Парови" отишол на операција на носот, му настрадал пенисот!
Модниот стилист Невен Цигановиќ, поранешен учесник во "Парови" и "Сурвајвр" моментално заздравува во болница, откако по рутинска операција на носот, добил изненадна болна ерекција, пријапизам, поради која веќе имал три хируршки интервенции на половиот огран.
За време на операцијата на носот во Иран, лекарите на Цигановиќ му дијагностицирале пријапизам - не сакана болна ерекција, која не е предизвикана од сексуална желба. Ова пореметување може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и трајна импотенција.
Поради тоа Невен, штом се вратил во Загреб два пати е опериран. Меѓутоа морал да оди и на трет зафат во Белград, бидејќи како што наведува Цигановиќ српските експерти имаат повеќе искуство во решавање на овие проблеми.
- Лежам во белградска болница од петок. За жал не добивам аналгетици бидејќи тука не ги даваат на пациентите така да и понатаму трпам ненормални болки. Морам да лежам уште пет, шест дена - изјавил Цигановиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана