Учесниците на меѓународната конференција за Либија повикаа за прекин на огнот
Учесниците во меѓународната конференција за Либија повикаа за прекин на огнот, со цел да се овозможи подготовка за постигнување спогодба за составување на влада на национално единство, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
- Насилството и конфликтот траат веќе подолг период, рече Кери по завршувањето на конференција во Рим.
Според него повеќето претставници на двете сопернички влади на Либија се подготвени да потпишат спогодба.
Кери нагласи дека групацијата Исламска држава заезема позиции во Либија, а сето тоа претставува закана за светската безбедност.
- Не смееме да дозволиме да се задржи статусквото во Либија. Тоа е опасно за самите Либијци, а сега кога таму свои позиции зазема и ИД, тоа е опасно за целиот свет, додаде тој.
Конференцијата, во која учествуваа 17 држави, беше организирана на иницијатива на Италија со поддршка на САД, со цел да се даде поттик на преговорите со посредство на ОН за составување влада на национално единство.
Учесниците и ветија на Либија поддршка во областите на политиката, економијата и безбедноста.
Ново на Сител
-
Руте: Инвестирајте повеќе во одбраната или почнете да учите руски јазик
-
ЕУ ги продолжи санкциите за поддржувачите на Хамас и Палестински исламски џихад
-
Облачно со темератури под нулата, снег во јужните и југозападните делови од државата
-
Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата