Учесниците на маршот за заложниците пристигнаа во Ерусалим, протестираа пред канцеларијата на Нетанјаху

Членовите на семејствата на исчезнатите и заложниците кои ги држи палестинското движење Хамас во Појасот Газа, придружувани од илјадници други Израелци, денеска, на петиот ден од маршот од Тел Авив пристигнаа во Ерусалим, и протестираа пред канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
По шест недели од смртносниот напад на Хамас врз југот на Изрел, што беше изведен на 7 октомври, нивната цел е да извршат притисок врз израелската Влада да ги ослободи киднапираните.
Со недели наназад илјадниците демонстранти извикуваа „Вратете ги сега дома!“, а денеска се собраа во Ерусалим со истото барање, носејќи израелски знамиња и фотографии од заложниците.
Во вторникот тие тргнаа од Тел Авив, што е шеесетина километри оддалечен од Ерусалим.
Француските медиуми пренесуваат дека семејствата на заложниците отворено ја критикуваат владата затоа што не ги информираше за нејзините напори за ослободување на заложниците.
Кога вечерва ќе се вратат во Тел Авив, на семејствата на заложниците им е ветена средба со Бени ганц и Гади Ајзенкот, двајцата членови на израелскиот воен кабинет, а средбата треба да се одржи во седиштето на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите, организација којха беше формирана за да обезбеди логистичка помош за роднините на околу 240-те заложници, кои досега се идентификувани од израелските власти. По оваа најавена средба ќе се одржат и демонстрации пред Музејот на уметноста, кој сега се нарекува Плоштад на заложниците, јавуваат израелските медиуми.
Семејствата денеска не добија одговор на барањето да се сретнат со премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.
Неколку извори минатата недела потврдија дека преку Катар се водат преговори за ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот во војната.
Израелската влада досега отфрли каков било повик за прекин на огнот во војната против Хамас, која таа, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација.
Во нападот на Хамас, на 7 октомври, загинаа повеќе од 1.200 лица на југот на Израел, од кои повеќето цивили, а други беа заробени и однесени во Газа.
Според последните информации од владата на Хамас, во израелските бомбардирања и копнената операција ви Газа досега се убиени 12.000 Палестинци, меѓу кои 5.000 се деца и 3.300 жени.
Ново на Сител
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 септември излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
