Учениците во Херцег Нови четири недели не одат на училиште поради лажни дојави за бомби
Учениците од средното мешано училиште „Иван Горан Ковачиќ“ во Херцег Нови четири недели не посетуваат настава поради секојдневните лажни дојави за поставени бомби.
Советот на родители на училиштето бара надлежните да најдат начин како да се осигура безбедноста на учениците и наставниците во училишната зграда.
Советот апелираше до надлежните да направат нешто, да одговорат и да најдат решение кое ќе им овозможи на учениците и наставниците да се вратат на настава.
-Почнуваат матурските и стручните испити, завршува третиот период на класификација, на крајот на овој месец децата не ни се на училиште.
Мислам дека тоа е најосновното право што го имаат, изјави претседателката на Советот на родители, Жељка Чепиќ, пренесуваат црногорските медиуми.
Итни повици до надлежните упатија и училишниот одбор, училишната управа и општина Херцег Нови.
Ново на Сител
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција