Учениците не го препознаваат насилното однесување
Резултатите од емпириски и теренски истражувања покажуваат фрапантни податоци за тоа дека учениците немаат доволно знаење и немаат развиено компетенции да го препознаваат насилното однесување, а и доколку се жртви на насилство, како треба да го пријават. Голем дел од нив тоа го споделуваат со врсниците, а дел со семејствата. Затоа многу се важни наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, но и локалните самоуправи и полицијата.
Ова го истакна професор доктор Елизабета Томевска Илиевска, претседател на Институт “Европа за тебе” од Скопје. Како доктор по педагошки науки, таа денеска беше еден од реализаторите на семинарот за превенирање на насилното однесување во основните и средните училишта, што се одржа во земјоделско шумарското училиште во Кавадарци. На семинарот учествуваа наставници и професори од кавадаречките училишта.
– За жал, многу голем број од насилствата се случуваат и во училниците. Според учениците, тоа е на некој начин најбезбедното место во кое нема камери, а на малите одмори нема наставници. Како резултат на претходно вербално насилство, многу активното сајбер насилство преку социјалните мрежи, доаѓа до физичко и друг вид насилство и во самата училница, нагласи таа.
Возраста од средно образование е, додаде, веќе задоцнета приказна. За оваа проблематика треба да почне да се дејствува уште од рана училишна возраст. Треба да има развивање на свеста, малку погласно да се зборува за ова. Да има развиени знаења како кај наставниот кадар, така и кај семејствата.
Изрази благодарност до Општина Кавадарци за интересот да се сензибилизира исклучително важната, за жал, актуелна проблематика, која не ја има само во нашата држава, туку и во регионот и целиот свет.
– Многу размислувавме каков пристап да имаме на овие обуки и го почитуваме образовниот светски тренд, дека треба на оваа проблематика да се пристапува мултидисциплинарно. Од тој аспект, овој проблем ќе биде третиран од педагошки, психолошки, правен и социолошки аспект. Во секојдневието има различни насилни однесувања за кои не се говори многу. Затоа имаме и мајка која ќе ги презентира своите искуства како родител чие дете било жртва на булинг, додаде Томевска Илиевска.
Градоначалникот Митко Јанчев го поздрави организирањето на еден ваков семинар и рече дека локалната работа работи на физибилити студии за скејт парк, затворен базен и други содржини, со што младите паметно ќе го трошат своето слободно време и нема да бидат жртви на пороци.
Освен Томевска Илиевска, реализатори на семинарот се и професор доктор Татјана Стојаноска Иванова, доктор по социолошки науки, професор доктор Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки и професор доктор Дејан Мицковиќ, доктор по правни науки.
Ново на Сител
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември