Убиство во Македонија: Со полиција влегле во станот и го нашле во крв
Полицијата излезе со детали за убиството кое ја потресе Македонија, а се случи во текот на вчерашниот ден во Прилеп. Полицијата денеска информира дека во 13 часот 53-годишниот М.М. од Прилеп на улицата Гоце Делчев, побарал да се отвори со полиција неговиот стан каде имал потстанар.
Таму, без знаци на живот полцијата и сопственикот на станот го затекнале 65-годишниот В.М. од Могила, кој бил облеан во крв во пределот на горната половина од телото.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош над телото извршен е преглед при што е констатирана убодна рана на десната половина од градниот кош и убодна рана на задниот дел од телото.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот