Убиство и самоубиство ги потресе граѓаните на Виена - две дечиња останаа без родители
Србин (39) кој живее во Виена, ја убил својата сопруга (38) во четвртокот околу 07:30 со повеќе убоди по градите по бурна расправија во семеен стан. Како што вели австриската полиција, убиецот најверојатно од местото на злочинот избегал и отишол кај свој роднина, каде е најден мртов во бавчата, па се мисли дека по злочинот извршил самоубиство.
Страшниот призор прв го здогледал синот (16) од брачниот пар, кој за време на крвавата пресметка најверојатно спиел, додека младиот син (12) бил на училиште. Тинејџерот веднаш повикал Брза помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
Насилникот, инаку имал забрана за приоѓање на сопругата, и не му било дозволено да влегува во станот во кој таа живее со синовите. Бракоразводната парница била во тек. Сега синовите останаа без двата родитела и се превземени од социјална служба.
Несреќната жена била под заштита на австриска агенција која се бори против насилство во семејството.
-Ние се грижевме за таа жена и многу сме вознемирени со оваа трагедија. Изгледа дека нејзиниот случај не е сфатен доволно сериозно, изјави Риза Логар, потпаролката на агенцијата.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември