Убил и силувал 350 девојчиња: Монструмот сега е на слобода и никој не знае каде е?!

Педро Алонсо Лопез од Колумбија, познат под прекарот „Монструмот од Андите“, признал дека е виновен за убиствата на повеќе од 350 девојчиња, стари помеѓу 8 и 12 години, во Еквадор, Перу и Колумбија. По 16 години поминати во затвор во Еквадор и пет години во психијатриска болница во Колумбија, прогласен е за излечен во 1998. година и пуштен е на слобода. Меѓутоа, нему после тоа му се губи секаква трага.
Тој тврдел дека ќе продолжи да убива чим ќе биде пуштен на слобода, а од моментот кога ја напуштил оваа установа, за него не се знае апсолутно ништо. Некои претпоставуваат дека некаде го стигнала заслужената казна, додека други се сомневаат дека тој неказнето шета по зафрлените делови на Јужна Америка.

Роден е во 1948. година во колумбискиот град Толима, како седмо од 13-те деца на сиромашна проститутка, во страшен период на граѓанска војна, кога стапката на злосторства во оваа земја била околу 50 пати поголема отколку во другите. Мајката го исфрлила на улица кога имал осум години, откако го фатила како има сексуален однос со родената сестра. За себе раскажувал дека гладувал, питачел и во повеќе наврати бил жртва на сексуално злоставување. Кога наполнил 18 години завршил во затвор поради кражба на автомобил. Во затворот бил групно силуван. На своите силувачи им се одмаздил така што тројца од четворицата убил, а по излегувањето од затворот го започнува својот крвав поход. За начинот на кој „оперирал“ најдобро зборува неговото интервју кое непосредно пред излегувањето на слобода го дал за новинарот на „Нешенел егзаминер“.

– Јас сум човек на векот. Никогаш нема да ме заборавите. Жртвите ги барав на плоштадите, барав девојчиња со одреден изглед на лицето – убави и невини. Тоа главно беа добри девојчиња кои работеа со своите мајки. Понекогаш ги следев и по два три дена, чекав да останат сами. Им давав подароци, пример огледалце, ги водев надвор од градот, каде им ветував дека ќе им дадам подарок и за нивните мајки. Тогаш ги водев во тајното скривалиште, каде ги чекаше подготвен гроб. Понекогаш во него имаше и тела од претходните жртви. Ги галев, а во зората ги силував. Изгрејсонцето ме возбудуваше. Ги присилував девојчињата на секс, па со рацете им го опфаќав вратот. Додека изгреваше сонцето, јас ги давев. истакнал тогаш.
Познато е дека по првите убиства на девојчиња од домородните племиња во Еквадор тамошните Индијанци го откриле и фатиле, го мачеле и го закопале во земја до врат. Меѓутоа, неколку христијански мисионери го нашле и го ослободиле и му овозможиле да побегне, по што тој продолжил со своите гнасни дела. Од болницата е пуштен под неразјаснети околности во 1998. кога докторите рекле дека е здрав.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
