Убил девојка во станот на баба си, а таа му помогнала да ги скрие доказите
Баба од Јужна Каролина е уапсена откако наводно му помогнала на нејзиниот внук Рајан О’Нил Вудраф да го прикрие убиството на 19-годишна девојка, соопштија властите.
Една Феј Даниелс (78) е уапсена во петокот, на 27 јануари, врз основа на докази за прикривање на убиство извршено во нејзиниот дом. Таа беше уапсена под обвинение за помагање на правдата и е во притвор и го чека судењето.
Една беше уапсена два дена откако нејзиниот внук Рајан О’Нил Вудраф (29) беше уапсен за пукање и убиство на тинејџерката ТиКез Деметриус Вокер. Убиството се случило во куќата на неговата баба.
Таа дала лажни изјави пред инспекторите за злосторството откако нејзиниот внук бил приведен.
„Има последици ако ја лажете полицијата за време на кривична истрага“, изјави шерифот Картер Вивер. Истрагата за убиството е во тек.
Нејзиниот внук Рајан беше уапсен за убиството на 24 јануари. Пукањето во кое загина Вокер го слушнале бројни сведоци.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“