Убиена Израелка во својата куќа близу Хеброн

Една Израелка е избодена со нож и убиена во својата куќа, откако Палестинец провалил во куќата и ја нападнал, соопшти израелската армија.
Убиството се случило во еврејската населба Отниел, близу до Хеброн.
Претставник на полицијата изјави дека убиената Дафна Меир била во тресетите години и дека била мајка на две деца.
Безбеднсните сили покренаа голема потера по убиецот, користејќи хеликоптери и воени возила.
Сите околни патишта се блокирани, а властите ги предупредија жителите на населбата да не ги напуштаат своите домови, да бидат постојано заклучени и навечер да ги затемнуваат прозорците, додека трае потерата.
Од почетокот на октомври, од кога почнаа нападите со нож и со огнено оружје, врз цивили од страната на главно млади Палестинци и израелски Арапи, беа убиени 27 Израелци.
Безбедносните сили убија околу 155 Палестинци за кои израелските власти објаснуваат дека во најголем број биле напаѓачите.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
