Убиен водачот на албанските џихадисти Абу Абдулах ал-Косова

Во бомбардирањата во Мосул убиен е Лавдрим Мухаџери, алијас Абу Абдулах ал-Косова, водач на албанските џихадисти во Сирија и Ирак.
Мухаџери(29) по потекло од Качаник, заедно со Билал Хаќифи исто така од Косово, убиени се во полноќно бомбардирања на седми јули, јави денеска „Тирана обсервер“.
Во изминатиот период беа пласирани, во неколку наврати, информации дека Мухаџери е убиен, но тој повторно се појавуваше. Сегашната вест за смртта на, како што пишува електронското издание на приштински „Експрес“ „Касапот од Качаник“, ја потврдило и неговото семејство во Качаник.
Косовската полиција потврди дека има информации за убиен Косовец, но нема потврда дека тоа е Мухаџери, кој по постираните фотографии каде сече глави на млади момчиња, го доби псевдонимот „касапот од Качаник“. Пред да замине во редовите на „Исламска држава“, тој работел во американската база Бондстил во Косово, додека претходно бил ангажиран за НАТО во Авганистан.
Тој подолг период беше водач на џихадистите Албанци на боиштата во Сирија и Ирак, а лани, кога беше тешко ранет, го замени Ридван Хаќифи. Вториот убиенен Косовец е Билал Хаќифи, токму брат на Ридван.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
