Убиен сопственик на бензинска пумпа во Атина, пронајден запалениот џип на напаѓачите
Сопственикот на бензинска пумпа (44) во Атина станал жртва на брутално убиство кога кон него непознати напаѓачи испукале повеќе од 80 куршуми, пишуваат српските медиуми.
Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кога напаѓачите му се приближиле на неговиот автомобил пред бензинска пумпа и отвориле оган со калашникови.
Мажот бил застрелан и починал на лице место, додека неговиот автомобил бил изрешетан со куршуми.
Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а на местото на злосторството биле пронајдени 81 чаура.
Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на вооружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.
Полицијата го пронашла изгорениот џип на напаѓачите кои го запалиле на атинската авенија за да им покријат траги.
Во моментов се собираат снимки од безбедносните камери кои можат да дадат информации за сторителите, додека таксистот кој бил на пумпата е сослушан како сведок.
Ова убиство потсетува на претходниот напад врз жртвата во 2018 година, каде полицијата интервенираше за да му даде прва помош по нападот со пиштол. Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање и апсење на сторителите.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст