Убиен командир на албанската единица за брза интервенција
Командирот на специјалната единица за брза интервенција „Ренеа“ од полицискиот комесаријат во северниот албански град Скадар, Симон Ѓета е убиен вчера доцна попладне при полициска акција за апсење на криминалец во селото Облик.
Во акцијата во која учествувале и припадници на специјалната единица требало да биде уапсен 52-годишниот Ружди Аришта. Кога полициското возило се приближило до неговата куќа каде се криел, тој почнал да пука. Во моментот кога Ѓета, влегол во неговата куќа, со цел да го убеди да се предаде, тој со калашњиков директно пукал во него и тешко го ранил, по што на пат за болница командирот им подегнал на повредите.
Акцијата следувала по инцидентот во кој Аришта пукал и ранил 21-годишно момче. Полициски извори наведуваат дека Аришта бил познат како проблемаитчна и многу опасна личност.
Апелите на полицијата да се предаде тој ги одбивал и постојано одговарал со пукање. По дванаесет часовна „војна“ во која биле употребени и гасни бомби полицијата со блиндирано возило оштетила и дел од неговата куќа, по што влегла во неа и во престрелка го убила опасниот криминалец.
Во акцијата виле вклучени 250 полицајци и 15 оклопни возила.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно
-
Приведени тројца возачи, управувале со возило под дејство на алкохол
-
Од понеделник потопло со пораст на дневните температури
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан