Убиен јагуар кој учестувал во олимписка церемонија во Бразил
Во бразилскиот град Манус е убиен јагуар, кој претходно учествуваше во церемонијата на носење олимпискиот факел, соопшти денес бразилската армија.
Женката јангуар наречена Џума по церемонијата во понеделникот во зоолошката градина во Манаус побегнала од својот тренер и нападнала еден војник, јави Би-Би-Си.
Во животното биле истрелани четири стрелички со средство за смирување, но тоа не ја смирило Џума, па еден војник ја застрелал со пиштол.
Организаторите на Олимписките игри, кои ќе се одржат во август во Рио де Женеиро, соопштија дека било грешка што олимпискиот факел бил изложен покрај диви животни на ланци.
Активистите за заштита на правата на животни го осудија убивањето на женката јагуар, а некои поставуваат прашања, зошто животното воопшто учестувало во случувањата поврзани со Олимписките игри.
Џума пораснала во зоолошката градина во Манаус заедно со шест браќа и сестри.
Олимпискиот факел е на турнеја низ Бразил до почетокот на Олимписките игри.
Ново на Сител
-
Во Хрватска ден на жалост
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани