Убиен е еден од лидерите на опозицијата во Венецуела
Еден од лидерите на опозициската Демократска акциона партија (ДАП) Луис Мануел Диас е убиен за време на вчерашниот предизборен собир, пред одржувањето на изборите за Конгрес во Венцуела најавени за наредната недела, соопшти денеска партијата.
Според изјавата на лидерот на ДАП Карлос Проспери, истрелите се слушнале во центарот на венецуелскиот град Алтаграсија де Оритуко за време на растурање на собирот, кога лидерот во тој град е погоден, пренесуваат венецуелските медиуми.
На собирот присуствувала и Лилиан Тинотри, сопруга на Леополд Лопес уште еден опозициски лидер кој е моментално во затвор, изјави еден од претставниците на ДАП.
Тинотри е една од најпознатите лица, меѓу луѓето кои се противат на социјалистичката венецуелска влада.
На својот Твитер профил, таа напишала дека во Алтаграсија де Оритоко се случил терор.
Опозицијата соопшти дека неколкумина активисти се повредени во поседните неколку дена, во време кога симпатизерите на владата ги растурале опозициските собири.
Социјалистичката партија негира дека се обидува да ги исплаши опозиционерите со насилство и истакнува дека обвиненијата на опозицијата се лудост за нивните протицници.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години