Убиецот на Тијана бара ублажување на затворската казна од 40 години
Драган Ѓуриќ (36) месарот од Сурчин кој поради убиството на 15-годишната Тијана Јуриќ е осуден на 40 години робија, ќе бара повторување на судењето, пишуваат српските медиуми, од извори блиски до судот во Суботица.
-Ѓуриќ ја подготвува документацијата која му е неопходна за поднесување на барањето за повторување на постапката, односно вонредно правен лек за да може при повтореното судење да добие поблага казна, вели изворот.
Адвокатот негира
Меѓутоа, адвокатот Виктор Гостиљац негира дека неговиот клиент бара повторување на судењето.
-Не е вистина дека е поднесено барање за нов судски процес. Слушнав и дека Ѓуриќ наводно сам барал документација, но не верувам дека тоа би го направил без мое знаење, вели Гостиљац.
Игор Јуриќ, таткото на Тијана Јуриќ, вели дека неофицијално слушнал дека Ѓуриќ ќе бара повторно судење.
-Се надевам дека до тоа нема да дојде. Кога е осуден, мислевме дека таа траума е зад нас. Верувам во правосудството и мислам дека нема да дојде до повторно судење, иако од таквите луѓе ништо не ме изненадува, објаснува Игор.
Страотно злосторство
Драган Ќуриќ е уапсен на 7 август 2014 година, две недели откако Тијана исчезна. Во текот на судењето е утврдено дека тој испил неколку пијалоци, ја грабнал Тијана, ја пикнал во автомобил и ја однел десетина километри подолу, ја убил и го закопал телото. Вишиот суд во Суботица го осуди Ѓуриќ на максимална казна откако го прогласи за виновен за обид за силување и убиство на Тијана.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки