Фудбал
24. November 2025 - 11:09

Убедливи победи за домашните екипи на двата вчерашни натпревара во ПМФЛ

Во Првата македонска фудбалска лига вчера на распоредот беа две средби, на двете убедливи победи забележаа домашните екипи.

Постигнати резултати:
Арсими – Шкендија 3:0
Тиквеш – Башкими 3:0.

Завчера Вардар ја победи АП Брера на гости со 2:0, во петокот Македонија ЃП – Силекс 1:2.

Денеска играат Работнички и Струга ТЛ, колото ќе се комплетира во вторник со натпреварот Шкупи – Пелистер.

Лидер на табелата е Вардар со 36, по него се Струга ТЛ со 32 и Шкендија со 30 бода.

 

МИА