Убедлива победа на ХДЗ на изборите во Хрватска
На парламентарните избори во Хрватска, владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ оствари убедлива победа, а нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), доживеа фијаско, објави Индекс.хр.
Според резултатите на Државната изборна комисија, врз основа на обработени 86 отсто од избирачките места, ХДЗ со своите коалициски партнери во некои изборни единици (ХСЛС и ХДС) освоиле 67 мандати заедно со три мандати добиени во дијаспората, додека на коалицијата Рестарт и припаднаа 41 мандат.
На трето место се наоѓа Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 16 мандати, следуваат Мост со осум, Можеме со седум, Партијата со име и презиме освои два, а Реформистите и ХНС по еден мандат. Уште осум пратенички места во Саборот им припаѓаат на националните малцинства.
Премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ синоќа им се заблагодари на сите кои гласале за неговата партија и оцени дека „демократија е кога граѓаните ја искажуваат својата волја во кој правец да се движи државата“.
– Овој резултат обврзува. Имавме тежок мандат, полн со искушенија кои се зад нас. А предизвиците кои се пред нас се многу поголеми. Таквите околности бараат труд, елан, пожртвуваност, знаење, искуство, истакна Пленковиќ пред членството и симпатизерите на партијата, дочекан со аплауз и овации.
Тој истакна дека на „Хрватска и се потребни решенија и за економијата и за јавното здравје, јакнење на институциите, човековите и малцинските права“.
– Оваа победа ни овозможува да бидеме малку весели, опуштени. Веднаш изутрина почнуваме сите заедно, како и досега, со цело срце да работиме за Хрватска, заклучи Пленковиќ.
На парламентарните избори во Хрватска, врз основа на 96 отсто од обработените избирачки места од страна на Државната изборна комисија, своето право на глас го искористиле 1.661.359 избирачи, односно излезноста била 46,68 отсто.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
