Убедлива победа на Е.Пелистер над Татран и чекор поблиску до полуфинале
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над словачкиот Татран Прешов со 37-29 во првиот меч од четвртфиналната рунда во СЕХА лигата.
Пелистерци добро го отворија мечот и по 9.минути игра има пет гола предност, за 19-тата и 21-минута да имаат и највисоки +7 (15-8 и 17-10)
Ваквото водство како да доведе до опуштање на битолчани, па на противникот му дозволија на големиот одмор да отиде само со три негатива (17-20).
И во вториот дел, беше „падни-стани“. Пелистер имаше +5, па словачкиот шампион со серија од 4-0 во 49-тата минута дојде и еден негатива 28-27, по што зелено-белите возвратија со иста мерка за водство 32-27. До крајот на мечот пелистерци ја зголемија предноста и на крајот славеа со 8 гола разлика 37-29.
Најефикасен во екипата на Пелистер беше Ненад Костески со 10, додека Хенеберг и Кисум придодадоа по 8, односно 6 гола.
Реванш натпреварот Пелистер ќе го игра во понеделник, од 16 часот.
За утре закажќани се дре средби Партизан – Веспрем и Нексе – ППД Загреб (од 18 часот), додека во четврток (6 април) македонскиот првак Вардар ја пречекува Војводина (18 часот)
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот