-->
-->
Убедлив триумф на Вардар во дуелот со Пелистер
-->

Ракометарите на Вардар во само два дена одиграа два натпревари во домашниот шампионат. Откако вчера го совладаа Еурофарм Работник денеска црвено-црните беа подобри и од втората битолска екипа.
Во заостанат меч од 3.коло Вардар го убедливо победи Пелистер со 41-26. Победникот практично беше решен уште по првото полувреме кое вардарци го завршија со предност од девет гола разлика 21-12.
Хорхе Македа со 7 и Мијајло Марсениќ со 6 гола беа најефикасни во составот на Вардар, додека кај Пелистер по три гола постигнаа Димитровски и Вујачиќ.
Покрај овој натпревар вечерва ќе се одигра и првата средба од 4.коло и тоа од 20 часот во Велес ќе играат Борец и Металург.
Во рамките од оваа рунда, утре вардарци гостуваат кај Охрид, додека последниот меч од ова коло, односно битолското дерби меч Работник Еурофарм и Пелистер е закажан за 19 април (19 часот).
Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Вардар 6 (3), Охрид 6 (3), Пелистер 3 (3), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (3).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
