Македонија
10. February 2026 - 16:46
Во Струмица нов протест за почист воздух
Еко активистите од Струмица повторно излегоа на протест за почист воздух. Со блокада на три улици во центарот на градот тие го изразија своето незадоволство од како што велат, недоволните мерки за намалување на аерозагадувањето и побараа побрза и ефикасна реакција од надлежните институции, како и казни за загадувачите.
Итни мерки за чист воздух бараат и граѓаните кои ја поддржаа блокадата. Тие очекуваат поддршката од институциите да не остане само на најави, туку да се реализира и на дело.
За две недели ова е втор протест во Струмица преку кој еко активистите од граѓанската иницијатива Здрава котлина бараат мерки за решавање на проблемот со аерозагадувањето.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
