Loading Video...
Кошарка
9. November 2020 - 18:41

Убедлив пораз на Работнички во дебито во АБА2 лигата

Македонските претставници во регионалната АБА-2  лига МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се во Златибор, каде ќе се одржува првиот од трите турнири во регионалното натпреварување. 

Од нашите претставници. Први на теренот излегоа кошаркарите на Работнички кои по повеќегодишна пауза за прв пат играат на меѓународната сцена. Тимот од „Градски парк“ е поразен од црногорскиот претставник Студентски Центар со убедливи 98:69 во меч од 1.коло. 
 
Уште од самиот старт тимот од Подгорица создаде предност која „центарци“ постојано ја бркаа, па на полувремето заминаа со негатива од 14 поени (33-47). 
 
И во вториот дел иста слика на теренот, па на крајот црногорскиот тим  сосема заслужено се радуваше на првата победа изразена со дури 29 поени разлика. 
 
Во редовите на Работнички најефикасен беше Вашингтон кој постигна 17 поени, еден повеќе од Николовски, додека Враговиќ  средбата ја заврши со 11 поени.
 
Избраниците на Мираковски сега ќе имаат два дена одмор, по кои во четврток (12 ноември од 17 часот) ќе го играат вториот натпревар,а противник ќе им биде екипата на Подгорица. 
 
Токму овој тим е и првиот противник на МЗТ Скопје Аеродром и тоа веќе утре во мечот што ќе започне од 17 часот.