Убавина која трае: Таа е мајка на четири деца и изгледа фантастично!
Кога на 18 март 1963 година се роди малата Ванеса Лун Вилијамс, во објавувањето за нејзиното раѓање наводно пишувало „еве ја идната Мис на Америка“ и 21 година подоцна ова „предвидување“ се покажа како точно.
Убавата актерка, која и денес на 53 години, изгледа фантастично, во 1984 година стана првата Афроамериканка која ја понесе круната на Мис на Америка. За жал, нејзинот успех падна во сенка на скандалот со списанието „Пентхаус“, кое објави нејзини разголи фотографии, поради што пред крајат на своето „владеење“ Ванеса мораше круната да и ја предаде на првата придружничка.
Сепак, тоа не ја спречи да стане успешна актерка, а се обидуваше и во музичките води. Нејзинте родители биле музичари, па никого не изненади кога во 1988 година Ванеса го објави нејзиниот прв албум „The Right Stuff“, а веројатно нејзин најголем хит беше „Colours of the wind “ од познатиот цртан филм „Покахонтас“.
На малите екрани публиката имаше можност да ја гелда во цела низа улоги: играше во улогите на Вилхелмина Слејтерво „Грдата Бети“, Рене Пери во „Очајни домаќинки“...
Во приватниот живот таа е мајка на четири деца.
Вилијамс години подоцна стана судија на изборот за Мис на Америка, а тоагаш организаторите официјално се извинија поради непријатностите кои таа ги доживеа како мисица.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник