-->
-->
Уапсено лицето по кое трагаше полицијата за инцидентот во Мала Речица
-->
Полицијата го уапси Д.Ф., по кој се трагаше во врска со престрлката во Мала Речица, каде едно лице загина, а двајца беа повредени.
Извори од полицијата за МИА изјавија дека Д.Ф. е приведен и однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Судија на претходна постапка нему како и на останатите 11 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Против 12-мината се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „убиство“, „убиство во обид“ и „соизвршителство“.
Ф.М., кој се здоби со тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување, поради што не може да ја издржува мерката притвор. Тој се опоравува на интензивното одделение по извршената операција на КАРИЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар