Уапсениот поранешен војник за „Крвавата недела“ во Северна Ирска пуштен со кауција
Поранешниот војник на британската падобранска единица во Северна Ирска, кој беше уапсен во вторникот, во врска со крвавите случувања во градот Лондондери, од пред 43 години, е пуштен од притвор со кауција, соопшти полицијата во Белфаст.
Неговиот идентитет не се соопштува, освен што се знае дека поранешниот војник сега има 66 години.
Полицијата откри дека тој е осомничен за убиство на тројца од демонстрантите и објасни дека истрагата против него ќе продолжи.
Вкупно 14 лица, сите северноирски католици, беа убиени од британските војници, кога отворија оган врз невооружените цивили, активисти за човекови права, додека протестираа низ улиците на Лондондери.
Трагичниот настан од јануари 1972 година се означен како „Крвавата недела“ во Северна Ирска и сега се третира како еден од најконтроверзните настани во историјата на оваа британска покраина на ирскиот остров.
Уапсениот поранешен војник на британскиот падобрански полк, што тогаш бил стациониран во покраината, претходно бил сослушуван и во рамките на 12 годишната истрага што ја раководеше лорд Севил.
Оваа истрага заклучи дека војниците први почнале да пукаат и претходно не упатиле никакво предупредување, пред да отворат оган врз цивилите.
Еден број од убиените демонстранти, настрадале додека се обидувале да им помогнат на застреланите и на ранетите активисти.
Ваквиот заклучок од истрагата на лорд Севил беше спротивна од инситирањето на војската, која долго време отфрлаше одговорност за крвопролевањето, додека дел од армискиот врв во тоа време, објаснуваше дека војниците почнале да пукаат откакво врз нив бил отворен оган.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, во 2010 година, јавно се извини за невините жртви, од името на државата Велика Британија, отако долгогодишната истрага на лорд Севил укажа на вината на армиските сили.
Според раководителот на истрагата, главниот инспектор на полицијата на северна Ирска, Ијан Харисон, апсењето на поранешниот војник претставува „сосема нова фаза„ во долгата истрага за „Крвавата недела“.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани