Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 06.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (56) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф. (44) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис