Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно
Министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити уверува дека ќе има пошумување секада каде што ќе биде потребно по пожарите кои изминатиот период зафатија големи површини со шума.
-Работиме превентивно и стратешки во тој дел. Исто така, со сите напори без разлика чии ингеренции се во моментов заеднички настапуваме за да се изгаснат пожарите, а потоа ве уверувам дека таму каде што е потребно ќе има пошумување, рече Меџити на новинарско прашање, по потпишување договори за набавка на опрема за управување со отпад за општините.
Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, на територијата на државава активни се три пожари, а пет се под контрола од вкупно регистрирани 15.
Активни се пожарите во планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, и во прилепското село Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, со крак кон село Градешница во Новаци и крак кон границата со Грција, каде е зафатена мешана шума, но не се интервенира поради детонации.
Се уште горат и површини меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и селата Галиште и Трстеник во општина Кавадарци, каде гори мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во селата Грешница и Латово, мешана шума и сува трева, помеѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева, во село Јунузлија во Карбинци.
МИА
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци