Уапсени осум лица и пронајдени 50 пиштоли во акцијата на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
– Уапсени осуммина турски државјани, приведени 30 лица и пронајдени 50 пиштоли е исходот на акцијата на грчката полиција спроведена вчера во Атина и Солун за разбивање на турската мафија, а при спроведените претреси, согласно објавените фотографии од полицијата, биле пронајдени и македонски денари, јави дописничката на МИА од Атина.
Од полицијата соопштија дека во акцијата на Секторот за справување со организиран криминал за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција, биле извршени претреси шест домови во Атина при што биле уапсени осум турски државјани и запленети биле: 50 целосно функционални пиштоли, од кои 48 имале цевка за поставување придушувач, 1,7 килограми канабис, 38 куршуми, 12 часовници и сим картички и телефонски уреди.
Дополнително, биле извршени седум претреси во продавници во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што биле приведени 27 странски државјани, од кои 25 Турци, еден Сириец, една Бугарка, како и еден грчки државјанин.
Во Солун, полициски службеници од Дирекцијата за справување со организиран криминал на Северна Грција извршиле шест претреси во домови, од каде што биле пронајдени и одземени таблети и пакети за телефонски линии и биле приведени двајца турски државјани.
Грчката полиција објави фотографии од запленетите оружја и предмети, а меѓу пронајдените пари се и 270 македонски денари.
Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло а едно беше повредено, додека пак беа уапсени двајца.
Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.
Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални мигранти.
Ново на Сител
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите
-
Брисел воведува нова рамка за собирање и доставување информации за авиопатниците што влегуваат во ЕУ
-
„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи