Свет
11. јуни 2016 - 9:02

Уапсени околу 900 лица при операција против исламисти во Бангладеш

Околу 900 лица се приведени во Бангладеш при операција против исламисти.

Акцијата започна вчера по убиствата на околу 40 членови на религиозни малцинства, светски блогери, активисти за права на хомосексуалците и универзитетски професори.

Локалната полиција соопшти дека меѓу уапсените не се сите исламисти. Можно е меѓу приведените да има и ситни криминалци, кои се донесени на сослушување, со цел да откријат информации за екстремистите.

Групи кои се поврзани со Исламска држава (ИД) и Ал Каеда презедоа одговорност за некои од нападите, иако властите во Бангладеш сметаат дека тие се извршени од локални исламистички организации.