Уапсени наркодилери во Скопје, Тетово и Гостивар
Вчера во 13.35 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Д.Ѓ.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Вечерта околу 21.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(32), Х.Ц.(25) и В.Д.(25), сите од Гостивар, затоа што при нивен личен и преглед на возило „опел астра“, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана и таблети екстази.
Ноќеска во 00.50 часот во с.Требош, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Е.Х.(27), двајцата од с.Доброште, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген поло“, во кое биле двајцата, била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани